Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Не сите ќе може да гласаат: Доколку се заразите или добиете решение за изолација на неколку дена пред изборите нема да може да гласате

Доколку се заразите со корона или добиете решение за изолација во текот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку се заразите со корона или добиете решение за изолација во текот на неделата пред изборите, нема да може да гласате на предвремените парламентарни избори. Позитивните на Ковид 19 и оние во изолација ќе гласаат на 13 јули, а најдоцна за гласање ќе може да се пријават седум дена пред овој датум, односно на 6 јули. На прашање на Алфа што доколку некој се зарази по шести јули од ДИК велат дека такви биле законите.

-Седум дена пред гласањето, изјави Јанаќе Витановски… Мора да се определи критичен момент, значи не можете, надополни Деркоски.

Од ДИК се уште не добиле протокол од Институтот за јавно здравје за денот на гласањето, а истиот го очекуваат во наредниве два дена. За гласањето кај заразените од корона, во избирачките одбори ќе има по два доктора, како што кажа претседателот на ДИК, Оливер Деркоски ќе бидат ангажирани повеќе од 500 медицински лица.

Реклама

-80 општински избирачки комисии, најмалку по еден избирачки одбор, а некаде и по два и три ќе бидат. Рачунајте дека тоа ќе бидат некаде над 500-600 луѓе секако, изјави Деркоски.

Алфа испрати прашања до Владата и Комисијата за заразни болести кога ќе биде подготвен здравствениот протокол за претстојните избори и кога истиот ќе биде објавен и достапен за јавноста, за се уште не добивме одговор.

Инаку, за прв пат во Македонија изборите ќе се спроведуваат во три дена, на 13-ти јули ќе гласаат заразените од коронавирусот и оние во изолација, на 14-ти затворениците, хронично болните и изнемоштените, а на 15-ти сите други.

Матеја Петровски