Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Не се заборавени традициите и историските вредности: Државнички илинденски пораки на Мицкоски и Сиљановска Давкова

Нема откажување од борбата Македонија да биде подобро место за живеење, зачувување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема откажување од борбата Македонија да биде подобро место за живеење, зачувување на македонскиот идентитет, да се зачува душата, стравот да не стане посилен од надежта. Пораките кои премиерот Христијан Мицкоски ги испрати за Илиден се дражвнички, одмерени и реални. Според експертите тој јасно покажа дека оваа држава има луѓе и генерација, која не ги заборава традициите и историските вредности на Крушевската Република и првото заеседание на АСНОМ.

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац за Алфа вели Мицкоски јасно порачал дека тие со сите сили ја остваруваат основната цел на секоја држава и на секој народ, изградба на просперитетно и економски стабилно општество на вредности. 

-Оваа држава ни припаѓа на сите, но сите сме и одговорни за неа и на тој начин мораме и да се однесуваме. Да тешко е, да има проблеми, да не сме само ние со такви тешкотии, со такви проблеми, има и држави каде што состојбата е многу многу многу полоша. Но, никогаш ама баш никогаш не смееме да ги предадеме идеалите на асномците и на илинденците, дека Македонија заслужва да има држава, да биде држава, вели Бишевац.

Реклама

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање за Илинден порача дека никој не ни ја подарил слободата и тешко стекнатата држава, па затоа никој нема право да ни ја ревидира историјата. Бишевац нејзиниот говор го оцени како државнички, кој покажува во каков систем треба да се развива државата.

-Претседалката Сиљановска вчера имаше едно обраќање кое вреди да се преслуша повеќе пати, затоа што е суштината на она што денеска ние го имаме, имаме држава имаме систем кој апсолутно не е совршен, но е систем во кој ние треба да се најдеме себе, да се најдеме како луѓе како поединци, но и како членови на заедницата, изјави Бишевац.

Од опозицијата пак решија да обвинуваат дека биле правени поделби. Според Бишевац ваквата реторика на Филипче и неговите најблиски е нејасна, а она кое што треба да го направат тие е да го прифатат повикот за обединување со цел заштита на националните интереси.

-Она што и останува на опозицијата е да се согласи околу темелните вредности кои произлегоа од Илинден и од Асном. Но не најдоа сила да ја понудат и својата поддршка во клучната битка која државата ја води сега, зачувување на националниот идентитет, јазик, културам, во спор кој не само што не е рационален, туку е длабоко ирационален, изјави Бишевац.

Една од темите за која говореше политичкиот врв беа и младите, односно дека една од главните цели е да се врати вербата кај нив во државата и својата иднина да ја гледаат тука, а не во иселување во странство. 

Матеја Петровски