Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени на курсот

Денарот како валута е стабилен и ќе остане стабилен. Промени на нивото…

Сподели:

Денарот како валута е стабилен и ќе остане стабилен. Промени на нивото на неговиот девизен курс нема – информира Народната Банка. Ваквата реакција доаѓа откако на неколку портали и на социјалните мрежи беше објавена и коментирана лажна вест дека тој изгубил вредност.

Од Народната банка велат дека девизните курсеви на онлајн платформите кои беа предмет на коментари не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа која НБРМ ја објавува на нејзината интернет страница. Во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

НБРМ апелира на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Предупредува дека секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за економијата.

Реклама

„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Во повеќе наврати истакнавме дека располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година“ – стои во соопштението од Народната Банка.

На крајот на февруари 2020 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3,08 милијарди евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност (81,1%) по што следува монетарното злато (10,7%) и валутите и депозитите (8,1%).