Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Наунов: Неверојатно и цинично е адвокати да бараат трагедија со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“

Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, тоа не е несреќа, тогаш тоа е системско замижување, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. 

Наунов, во изјава за медиумите на паузата на денешното рочиште во судницата во Идризово, реагираше на изјавата на адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шофкет Хазари, на минатото рочиште дека треба да се преиспита обвинителниот акт. 

– И навистина е цинично денес да слушаме дека луѓето во судницата „не знаеле зошто седат таму“. Седат таму затоа што 63 деца и млади лица не седат повеќе никаде. Пожарот можеби го запали искра. Но системот му ја отвори вратата. И токму затоа, на следниот Марш на ангелите, јавно ќе се чита обвинението за Шофкет Хазари — за целиот народ да слушне како изгледа кога корупцијата со години се потпишува, премолчува и прикрива, сè додека една општина не ја плати цената со животите на своите деца, изјави Наунов. 

Реклама

Шилегов на претходното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс” реагирше на обвинителниот акт и побара преквалификација на делото, бидејќи, како што посочи, според него поголемиот дел обвинети немаат никаква вина за катастрофалната трагедија.