Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Наука за сите“ од Нада Поп-Јорданова во „Матица македонска“

„Матица македонска“ ја објави „Наука за сите: истражувања што го менуваат секојдневјето“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Матица македонска“ ја објави „Наука за сите: истражувања што го менуваат секојдневјето“ од академик Нада Поп-Јорданова – книга што ги доближува светските научни истражувања до прашањата што нè засегаат лично. Низ 54 научнопопуларни текста, авторката ги поврзува големите научни теми со нашиот секојдневен живот: како мислиме, како чувствуваме, како растеме и како се менуваме.

Како што наведува „Матица македонска“, на 322 страници, книгата нуди и слобода да се чита според сопствениот интерес. Секој текст е посебен влез: може да се почне од темата што денес најмногу нè засега, а потоа да се продолжи кон нешто за кое дотогаш не сме ни помислиле да прашаме.

-Зошто полесно учиме од луѓето што ни се допаѓаат? Што се случува со нас кога се вљубуваме? Каква врска има читањето со емпатијата и осаменоста? Поп-Јорданова тргнува од прашања што лесно се препознаваат во сопствениот живот и ги поврзува со истражувања од психологијата, медицината и невронауката. Одеднаш, науката веќе не е некаде далеку. Темата сме ние. Родителите ќе најдат теми за детскиот развој, играта и времето пред екраните. Читателите што ги привлекуваат новите технологии ќе се сретнат со прашања за вештачката интелигенција, нејзините можности и етичките предизвици. Секој читател може да ја пронајде својата почетна точка во темите што го засегаат. Особено поттикнувачка е темата за интелектуалната понизност – подготвеноста да признаеме дека можеби грешиме. Покрај новите сознанија, книгата отвора простор и за преиспитување на сопствените уверувања: колку внимателно ги разгледуваме доказите и колку сме подготвени да ги слушнеме другите. Тоа е вредност што читателот може да ја понесе од страниците во секојдневните разговори и одлуки, велат од „Матица македонска“.

Реклама

Академик Нада Поп-Јорданова е педијатар и психолог, со долгогодишно професорско и научноистражувачко искуство, која ја продолжува својата посветеност кон популаризацијата на науката на македонски јазик. Нејзината намера е научните достигнувања да стигнат и до луѓето надвор од стручните кругови.

„Наука за сите“ е достапна во книжарниците на „Матица македонска“.