Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Научен симпозиум во Крушево: Силен е континуитетот на Илинден

Неспорен и силен е континуитетот на значењето на Илинден за македонската борба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неспорен и силен е континуитетот на значењето на Илинден за македонската борба за самостојност и создавањето на своја, национална држава на македонскиот народ, констатираа историчарите на научниот симпозиум „Илинден- хоризонти на македонската историска наука“ кој денеска се одржа во Крушево во рамките на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. 

Првата прослава за Илинден 1903-та била дури 1918 година, па со години оспорувана.  Поддршката се засилила во Народноослободителната војна и со вториот Илинден 1944 година.

-Со денешната научна трибина ќе се уточнат повеќе настани и процеси поврзани со Илинденското востание, Крушевската Република, организирањето на востанието, периодот меѓу двете светски војни, како е прославуван, или одбележуван Илинден, или негиран, вклучително и мотивот за Вториот Илинден, неговото организирање и воспоставување на Македонската држава. Првата иницијатива за одбележување на Илинден е 1915 година, но за првпат е одбележан во 1918 година кога за кмет во тој период во Крушево е поставен Наум Томалевски, еден од учесниците или член на интелектуалната група за време на Илинденското востание. Во наредните години  е забранета прославата, потоа имало инцидентни одбележувања се до крајот на 30-тите и почетокот на 40-тите години од минатиот век кога биле познатите Илинденски демонстрации што ги организирал Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Имало и пароли од Крушево до Мечкин камен за да се избегне бугарскиот окупатор да го легитимира Илинден како свој празник, објаснува историчарот Зоран Богески, виш кустос од Историски музеј-Крушево, раководител на научниот симпозиум. 

Реклама

Александар Симоновски, научен советник и професор во Институтот за национална историја од Скопје нагласи дека во Втората светска војна, Народноослободителното движење во Македонија ги негуваше илинденските традиции. Тоа беше низ разни форми и начини: преку псевдонимите на борците, преку имињата на партизанските одреди (Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров).

-Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога беше прогласена Македонската федерална држава во рамките на Југословенската федерација, не случајно беше одржано на втори август, како континуитет на Илинденското востание и борбата на македонскиот народ за стекнување на своја слобода и создавање на национална држава. На ова заседание се усвоени 9 документи. Едно од решенијата било и прогласувањето на 2 август- Илинден за народен и државен празник на македонскиот народ, врече Симоновски. 

По ослободувањето, уште во 1945 година, на 2 август биле одбележани двата Илиндена во Скпје. Во тогашниот Народен театар била одржана свечена академија, а истиот ден била одржана и прослава во манастирот Свети Прохор Пчински. Истата година, на 8 септември, и 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание 1941 година, е прогласен за државен празник. 

-И во наредната деценија, 50-тите години од минатиот век, продолжува чествувањето на двата Илинден, како неопходни процеси при изградбата на македонската држава, создавањето на македонската нација, односно формирањето на македонскиот идентитет. Имаме целосен, постојан континуите на прославата на двата Илиндена. Тоа се нашите два најзначајни национални празници од македонски аспект. Во 1969 година, по повод 25 годишнината од прво заседание на АСНОМ во Скопје е одржана свечена седница на Народното собрание на која присуствувал и Јосип Броз Тито. Тогаш е донесена одлука да се воведе споменица на АСНОМ за сите учесници на првото заседание, објаснува историчарот Симоновски од Инситутот за национална историја од Скопје. 

Захарија Ангелеска, в.д претседателка на Националната установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ од Крушево смета дека  Крушево не е само место на сеќавање, туку и простор каде што историјата постојано се преиспитува, истражува и научно се вреднува. 

-Токму затоа, овој симпозиум има особена мисија – преку аргументирана научна расправа да придонесе кон нови сознанија за Илиндени неговото трајно значење за македонската историја, вели Ангелеска.

Ова е трет научен симпозиум за Илинден во рамките на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ по 20-годишна пауза.