Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Наскоро асфалтен пат до селото Нистрово во општина Маврово и Ростуше

Градежните активности на локалниот пат кој води до планинското село Нистрово во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните активности на локалниот пат кој води до планинското село Нистрово во општина Маврово и Ростуше се во напредна фаза и наскоро треба да почне асфалтирањето, информира градоначалникот Онер Јакуповски. Станува за пат кој води до населени места во планинскиот регион со должина од  3,5 километри и за прв пат ќе се асфалтира. Вредноста на овој проект е 25,3 милиони денари.

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, придружуван од пратеникот Мевмед Џафери и Сеад Абази, професор на Градежниот факултет, извршија увид во тековните градежни активности кои се одвиваат на локалниот пат за село Нистрово. Ова, како што рече, е дел од активностите кои се следат со посебно внимание на квалитетот и правилното изведување на градежните работи.

Јакуповски потврди дека во моментов се завршени земјените работи долж целата траса, како подготовка за реконструкција и асфалтирање на коловозот.

Реклама

– Овој пат е од особено значење за жителите на Нистрово и околните населени места. Нашата заложба е проектот да се реализира квалитетно и во предвидената динамика. Крајната цел е жителите да добијат современа, безбедна и функционална патна инфраструктура, рече Јакуповски.

По увидот на теренот, беше одржана и работна средба со жителите на Нистрово и околните населени места на која се разговарало за проектот и други потребите на населението за подобрувањето на локалната инфраструктура.

Јакупоски информираше дека е при крај е асфалтирањето на патот до селото Рибница со должина од 3,5 километри и вредност од 18,7 милиони денари. Според предвидувањата тоа треба да заврши до крајот на октомври. Со изградбата на овие локални патишта областа Горна Река ќе стане подостапна и директно ќе помогне во развојот на сточарството во регионот. Средствата за двата проекти се обезбедени преку вториот повик од таканаречениот „унгарски кредит“.