Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерот Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска одржа средба со претставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, ФФМ, фудбалските и кошаркарските клубови, како и со претставници на навивачките групи на клубовите.

На средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на безбедноста, непреченото одржување на натпреварите и потребата од спречување на инциденти, тензии и навреди врз етничка и верска основа, соопшти кабинетот на Ферати.

Министерот Ферати ја истакна потребата од континуирана соработка меѓу институциите, федерациите, клубовите и навивачите, со цел стадионите и спортските сали да бидат места на спортско ривалство, почит и позитивни емоции.

Реклама

– Можеме да бидеме ривали за време на натпреварот, но по неговото завршување сите се враќаме во истото општество. Силно навивање, гласна поддршка и спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не, истакна Ферати, нагласувајќи дека оваа средба треба да биде чекор кон конкретни решенија и зајакнување на соработката за создавање побезбедна и попочитувана атмосфера во спортот.