Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Народната банка: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка

Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот Домаќинства, а вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектори, со поизразен придонес на корпоративниот сектор – информира Народната банка.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот Домаќинства, а вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектори, со поизразен придонес на корпоративниот сектор – информира Народната банка. 

Паричната маса во мај годинава е зголемена за 0,8 проценти на месечна основа во најголем дел како резултат на растот на готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при остварен раст и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е повисока за 8,6 проценти поради растот на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Во мај вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,8 проценти, кое се должи на зголемените депозити на корпоративниот сектор. Годишниот раст на депозитите изнесува 8,6 проценти и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот Домаќинства.

Реклама

Депозитите на корпоративниот сектор остварија нагорна месечна промена од 2,5 проценти во поголем дел поради растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута. Годишниот раст од 5,8 проценти главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари при забележан пад на краткорочните депозити во денари.

Во мај депозитите на домаќинствата се речиси непроменети на месечна основа. Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се повисоки за 9,7 проценти, главно под влијание на зголемувањето на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. 

Кредитите на корпоративниот сектор во мај бележат месечен раст од 0,9 проценти којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 15 проценти и во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари.

Кредитите на домаќинствата во мај забележале месечно и годишно зголемување од 1,3 процент, односно 1 процент поради растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 процент, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец автомобилските кредити се повисоки за 1,7 процент и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

– Кредитите одобрени на кредитните картички во мај бележат месечен раст од 0,2 проценти во услови на годишен пад од 4,1 процент. Во мај негативните салда на тековните сметки забележаа месечно и годишно зголемување од 6,1 проценти и 5 проценти, соодветно, а кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,5 проценти и 10,3 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно – информира Народната банка.