Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Економија

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2 отсто и во второто тримесечје од 2027 година

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2 процента од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година – соопштија денеска од Народната банка.

Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од други земји, велат од таму, ќе се применуваат во согласност со висината на стапката која е утврдена од надлежниот орган на другата земја.

– Врз основа на движењата во банкарскиот систем и во окружувањето, вклучително и домашното, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 2 % соодветствува на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот систем. Банкарскиот систем ги задржа стабилноста и сигурноста во работењето и е добро капитализиран и ликвиден, со ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност – потенцираат од Народната банка.

Реклама

Потсетуваат дека во декември 2025 година стапија во сила макропрудентните мерки со построги критериуми за квалитетот на кредитната побарувачка, чии ефекти се очекуваат во следниот период.

– Се очекува дека овие пакет-мерки, заедно со досегашните измени кај задолжителната резерва, ќе придонесат за намалување на системските ризици и ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Притоа Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика заради натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата во услови на силна кредитна активност, динамичен пазар на недвижностите и ризици од надворешното окружување, како и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката – се вели во соопштението од Банката.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.