Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025 година

Нето надворешниот долг на Македонија е намален за 106 милиони евра во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нето надворешниот долг на Македонија е намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025 година.

Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година.

На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесувал 4.494 милиони евра, односно 27,1 проценти од проектираниот БДП. Во третиот квартал од 2025 година, нето надворешниот долг на земјата е намален за 106 милиони евра, или за 2,3 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг, со 67 проценти.

Реклама

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7 проценти од проектираниот БДП за 2025 година.