Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Наместо во Шуто Оризари, останува дома – куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Возачот на мотоциклот „Кавасаки“, кој усмрти пешак и побегна без да му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачот на мотоциклот „Кавасаки“, кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, наместо во притвор, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари.

Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено жалба за определената мерка куќен притвор, информираа денеска оттаму. Министерот Тошковски, на денешната прес-конференција, прашан дали е точно сведоштвото на очевидците дека истата вечер 25-годишникот бил бркан од полициски екипи и дали е точно дека и претходно бил осудуван, рече дека лицето ќе одговара за она што го сторило.

„Од информациите што ги имам, точно е дека лицето не беше достапно на органите на прогонот, точно е дека го пронајдовме и дека е спроведен таму каде што му е местото и дека ќе одговара за она што го сторил“, рече Тошковски.

Реклама

Од ОЈО Скопје вчера информираа дека е поведена истрага против 25-годишниот скопјанец кој, откако со мотоцикл усмрти 68-годишен маж, побегна од местото на настанот.