Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Наместо да поднесат оставки, Судски совет оправдува пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки

Бура реакции во јавноста, откако тричлената комисија на Судскиот совет застана во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бура реакции во јавноста, откако тричлената комисија на Судскиот совет застана во одбрана на тетовскиот судија Ферати кој му изрече казна, од две години затвор, на возачот, кој ја прегази, 22-годишната Теодора. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека судството уште еднаш покажа дека не работи во заштита на правдата и во корист на граѓаните. Наместо правда за народот, судството единствено работи во заштита на неговите членови кои делат неправда или пак ја раздаваат правдата. Со вчерашната постапка, Судскиот совет само го потврди ова.

„Судски совет се стави во служба и заштита на судија за кој човечкиот живот вреди само две години затворска казна. Тие го штитат судијата кој на возач, кој прегази и усмрти млада девојка која поминуваше на пешачки, му пресудиле бедни две години затвор и го покриваат неговиот срам“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија предупредуваат дека членовите на Судски совет се луѓе на Зоран Заев, кои се избрани од претходната влада на СДСМ и ДУИ, кои сега здружно ја газат правдата и ја уриваат државата. Потсетуваат дека токму ова беше причината поради која им беше изгласана недовербата.

Реклама

Ваквите срамни одлуки на судството, потоа одбрани и поддржани и од Судски совет директно влијаат на губењето на надежта кај граѓаните дека правда во Македонија е можно и дека постои. Но овој гнилец правосуден систем ќе падне и ќе се распадне. Во државата ќе има одговорност и ќе има независен и кредибилен судски систем, во кој дел ќе бидат високо професионални лица со кредибилитет и висок морален интегритет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.