Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Намалување на платите на функционерите за околу 200 евра – мнозинството во Собранието предложи законски измени

Функционерите ќе примаат за 200 евра пониски плати почнувајќи од овој месец.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционерите ќе примаат за 200 евра пониски плати почнувајќи од овој месец. Примањата на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и членовите на судскиот и јавно-обвинителскиот совет се бидат пониски за 10 до 12 илјади денари месечно. Кај одредени категории функционери падот во платите ќе биде уште поголем. Група пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-измени на 6 закони со кои се намалуваат платите на избраните и на именуваните лица во државата.

– Средствата што ќе бидат заштедени со ова намалување, кое започнува веќе со исплатата на февруарската плата, ќе останат во буџетот и ќе можат да се пренаменат за проекти кои се од директна корист за граѓаните, за подобро здравство, подобро образование и социјална помош. Повикуваме на широка поддршка во Собранието. Ова не е прашање на партиска припадност, туку прашање на морал и етичка одговорност пред граѓаните кои нè избрале – рече Стојановски.

Пратеникот Бојан Стојановски вели дека се врши интервенција во висината на коефициентите за пресметка на платите. За градоначалниците се предлага нова скала на коефициенти зависно од бројот на жители во општините Целта на овој потег, според Стојановски е поправична распределба на буџетските пари, со што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата.

Реклама

– За пратениците и функционерите во извршната власт, ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар. За судиите и за јавните обвинители, предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да соодветствуваат со реалните економски можности на државата. За градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти зависно од бројот на жители во општините – објасни Стојановски.

Шесте закони ќе се гласаат по скратена постапка. Тие веќе утре ќе се најдат на пленарна седница во Собранието. Според ВМРО – ДПМНЕ законите се во согласност со Уставот. Предлогот доаѓа по неколкугодишни бурните реакции во јавноста откако во услови на зголемени трошоци за живот, во 2023-та година, функционерските плати се покачија за неверојатни 78%, односно на поединци примањата им се зголемија и за 1000 евра. Тогаш Уставниот суд ги укина одредбите за фиксна основа за пресметка на платите со што платите почнаа да се пресметуваат според растот на просечната плата во државата, што доведе до големо покачување. Во меѓувреме коефициентите за пресметка се „замрзнаа“ и се намалија, но функционерските плати во просек останаа исти или благо се зголемија. Сегашниот предлог за нивно подрастично намалување доаѓа по најавите за нивно усогласување согласно економските прилики во државата.