Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник – најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари.  – Ние правевме наши калкулации, малку […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари. 

– Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во општина Карпош.

-Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгл

Премиерот очекува дека со финализацијата на мировните преговори меѓу САД и Иран ќе се стабилизира цената на нафтата на светските берзи и целата ситуација со енергенсите, но нагласува дека сепак тоа ќе биде процес којшто нема да се заврши од денес за утре. 

Реклама

– Денеска продолжуваат тие конечни преговори за финализација на тој мировен договор и ценам дека на овој начин практично и пазарот ќе се стабилизира. Сакам да имате предвид дека дури и Ормуската теснина да се отвори, тие танкери бродови коишто таму ќе тргнат, ќе треба еден месец да стигнат до дестинациите каде што треба да стигнат. Тоа не може ако денес тргнат, утре да се таму, така што и тоа ќе биде еден процес што ќе потрае. Нема да биде така бргу и едноставно, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Со финализирањето на кризата, Мицкоски очекува да се влезе во помирни води и до крајот на годината просечната цена за барел да биде меѓу 70 и 80 долара.