Реклама

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Економија

Намалено индустриското производство

За 4,2  процента е намалено индустриското производство во февруари годинава  во споредба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 4,2  процента е намалено индустриското производство во февруари годинава  во споредба со истиот месец од минатата година. Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека со 5,4 отсто; Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5; и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17,2  отсто.

При тоа, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17,2 отсто. 

-Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на тутунски производи; на текстил; на облека; на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати; на производи од гума и производи од пластични маси; на метали; на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема; на машини и уреди, неспоменати на друго место; и на мебел, соопшти ДЗС. 

Реклама

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 12 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто, додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 и Капитални производи за 2,1 отсто.