Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Наќе Чулев ќе биде технички министер во МВР

Мицкоски и Заев се договорија, Наќе Чулев е предлогот за технички министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски и Заев се договорија, Наќе Чулев е предлогот за технички министер за внатрешни работи кој утре треба да се најде пред пратениците и ќе ја извршува функцијата до формирањето на новата влада по изборите на 12 април.

Власта и опозицијата конечно се согласија, откако првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиен, сега Чулев е прифатлив за власта.

Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопштуваат од СДСМ.

Реклама

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Чулев е долгогодишен професионалец во областа на безбедноста дел од Агенција за разузнавање и е добро решение за оваа функција, оти имал богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија. Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, вели дека првата работа која ќе ја направи техничкиот министер за внатрешни работи предложен од опозицијата ќе биде да се погрижи изборите да поминат чесно, фер и демократстки.

ДУИ пак останува со актуелните министри и заменици во техничката владата, потврдуваат од партијата.

Ситуацијата за ДУИ беше иста и за предвремените парламентарни избори во 2016 година, кога земјава беше и во политичка криза, но тогаш интегративците решија да ги повлечат сите министри и заменици, по што назначија нови.

Инаку во текот на утрешниот ден сегашниот премиер треба да си поднесе оставка, а на негово место да дојде Оливер Спасовски. Според процедурата, Парламентот ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада, а потоа претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во перидот до изборите и формирање на новата влада.

Мери Ѓорѓиевска