Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Највисоката награда на Општина Демир Хисар доделена на Божин Павловски

Највисоката награда на Општина Демир Хисар, „Грбот на Демир Хисар“ му е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Највисоката награда на Општина Демир Хисар, „Грбот на Демир Хисар“ му е доделена на академик Божин Павловски. Како што истакна градоначалникот, Никола Најдовски, наградата му се доделува на Павловски за посебен придонес во афирмацијата на Демир Хисар во областа на книжевноста во светски рамки. Благодарение на неговите романи и раскази, родниот крај на Павловски – демирхисарскиот, со неговите природни убавини и историски големини е топос на светската книжевна мапа.

Годинава се навршуваат 65 години од дебитирањето на Павловски во книжевноста – на полни 18 години, есента 1960 година, тогаш популарниот „Млад борец“ го објави неговиот расказ „Чекан“.

Наградата од Општина Демир Хисар има посебно значење за Павловски, затоа што за демирхисарскиот крај или поточно за неговото Жван го врзува сиот период до завршувањето на основното образование, кога школувањето и животот ги продолжува во Битола, до заминувањето за Скопје по неколкумесечен ангажман и престој во Србија. Павловски, непрекинато, и по остварувањето на најголемите успеси во книжевноста, издаваштвото и публицистиката, нераскинливо е поврзан со родниот крај, и тоа го истакнува со гордост и пиетет. Тој се вбројува меѓу оние автори што и по стапнувањето на најдалечните пространства по светот, емотивно се врзани за родниот крај.

Реклама

Оваа, за него јубилејна, 2025 година се издвојува како исклучително значајна за академик Божин Павловски и за валоризацијата на неговите творечки резултати. Пред неполн месец му беше врачена државната награда „23 Октомври“, којашто се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија. Претходно, книгоиздавателството „Матица македонска“ и Македонската академија на науките и уметностите ја објавија трилогијата „Записи од надземјето“, во којашто зад насловот што упатува на познатиот роман на Достоевски „Записи од подземјето“, за првпат интегрално се објавени и неговите записи во различни форми, вклучително и колумни. Трилогијата го содржи и дебитантскиот роман на Павловски, како и голем дел од неговите раскази. Со ова, како што веќе беше соопштено, заокужени се избраните дела на Павловски во издание на МАНУ и „Матица македонска“.

Павловски, веќе го најави својот нов, 25. роман, „Ебиспо Ивошкин, нашиот херој кај Америте“, којшто се очекува да биде објавен следната година.