Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Економија

Најверојатно од утре пониски цени на 73 прехранбени производи

Пониски цени за 73 прехранбени производи. Според владината одлука која стапува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пониски цени за 73 прехранбени производи. Според владината одлука која стапува на сила еден ден по објавувањето во Службен весник, во маркетите одредени производи треба да се продаваат поевтино како резултат на ограничување на маржите до 10 отсто за производите кои се дел од „есенската кошница“.

За овие продукти ќе треба да има јасно обележје на рафтовите и ладилниците „ помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд“ . Дали мерката се спроведува во целост, ќе треба да проверуваат од Пазарна инспекција.

Со ова се очекува , цените во малопродажба да паднат околу 10 отсто.  

Реклама

Дел од граѓаните сметаат дека мерката ќе помогне, дел пак се скептични дека било какви мерки ќе придонесат цените да паднат,  оти нема доволно производство дома

Инаку, до 31-ви октомври, брашното, лебот и пекарските производи, млекото и млечните производи, месото и преработките од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење, дел од конзервираните производи, како и безалкохолните пијалоци ќе бидат со ограничена  бруто профитна маржа  до 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

По завршување на мерката, „Есенска кошница“, ќе следуваат и божиќна , рамазанска, велигденска кошница со ограничено времетраење пред и за време на празниците кога вообичаено цените растат.

Кон крајот на септември треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој ќе се регулираат цените на долг рок.