Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Најмалку десет лица го загубија животот во поројни дождови и поплави во југоисточниот дел на САД

Најмалку десет лица го загубија животот викендот откако  делови од југоисточниот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку десет лица го загубија животот викендот откако  делови од југоисточниот дел на САД беа зафатени од поројни дождови, поплавувајќи патишта и куќи.

Кентаки, Џорџија, Алабама, Мисисипи, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија и Северна Каролина беа под разни предупредувања за поплави и бури дадени од Националната метереолошка служба.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека во Кентаки животот го загубиле девет лица. Тој на брифингот синоќа посочи дека вкупниот број може да е поголем. Околу 1.000 луѓе вчера биле заробени од надојдените води, многумина биле спасени додека седеле во своите автомобили. Бешир ги предупреди жителите „да ги напуштат патиштата веднаш ако сакаат да останат живи“.

Реклама

Во Џорџија беше регистриран десеттиот смртен случај, откако човек кој лежел во својот кревет бил удрен од откорнато дрво што паднало врз неговиот дом.

Многу од овие осум држави претрпеа катастрофална штета од ураганот Хелен во септември. Околу 400.000 луѓе останале без струја вчера попладне, според poweroutage.us.

Во Кентаки, каде имаше најголем број жртви и најмногу уништена сопственост, меѓу загинатите беа мајка и нејзиното седумгодишно дете, како и 73-годишен маж.

Во некои делови на Кентаки наврнале до 15 кубни сантимери дожд, јавија од Националната метереолошка служба, што предизвикало надојдени реки, поплавени патишта и возила заглавени во длабоките вирови. Стотици патни правци се блокирани.

(МИА)