Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Најдовски: Мојата визија е Демир Хисар да биде град со отворени можности

Мојата цел е да изградиме општина во која никој нема да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мојата цел е да изградиме општина во која никој нема да биде заборавен. Мојата визија е Демир Хисар да биде град со отворени можности затоа што во нашата општина има луѓе со визија, со храброст и со срце, истакна Никола Најдовски, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

На предизборен митинг во Демир Хисар, Најдовски, кој е актуелен градоначалник на општината, потсети на постигнатите резултати во изминатиот четиригодишен период и најави нови инфрструктурни проекти.

-Во изминатите четири години само во патната инфраструктура вложивме 160 милиони денари, најголемата инвестиција во историјата на општината. Изградивме и реконструиравме триесетина улици и локални патишта со вкупна должина од 17 километри. Беа поставени нови 100 лед светилки, а бенифитот беше огромен, покрај одличното осветлување, неколкукратно се намалија и сметките за струја. Во периодот што следува е планирано да се постави ново лед осветлување во сите населени места во општината, со што Демир Хисар ќе стане поуредена и побезбедна општина, која покажува грижа за луѓето и животната средина, истакна Најдовски.

Реклама

Кандидатот за градоначалник на Општина Демир Хисар потсети на изградените патишта што водат до светилиштата и духовните места во селата Граишта, Вардино, Слоештица и изградба на нови за што има готови проекти, како што е патот до манастирот во Слепче и Сопотница.

-Веднаш по изборите ќе почнеме со изработка на проектна документација за изградба на пат до манастирот во селата Стругово и Вирово. Во завршна фаза е изработката на документација за изградба на Соборен храм во Демир Хисар, генерациски проект што ќе биде духовен белег на нашата општина и симбол на верата, традицијата и заедништвото, посочи Најдовски.

На митингот на ВМРО ДПМНЕ во Демир Хисар, пред членовите и симпатизерите на владејачката партија и коалиција „Твоја Македонија“ беа претставени кандидатите за членови на општинскиот Совет чија кандидатска листа ја предводи Никола Дранговски.