Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Најавени кадровски промени во ЈКП „Брегалница“ и почеток на кампањата „Се бориме за почист дом – Делчево со нула толеранција за отпад“

Кадровски промени во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и почеток на новата општинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадровски промени во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и почеток на новата општинска кампања „Се бориме за почист дом – Делчево со нула толеранција за отпад“ најави денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски.

Тој истакна дека кампањата е резултат на итната и неодложна потреба да се исчистат дивите депонии кои подолг период се присутни низ општината и претставуваат еколошки проблем за кој граѓаните со право реагираат.

-Иако јавната чистота е во надлежност на ЈКП „Брегалница“, таа не беше одржувана со потребниот интензитет и квалитет во изминатиот период. Претпријатието е „фрлено на колена“, во секоја смисла на зборот. Најавувам длабоки кадровски промени и никогаш повеќе нема да се толерира ароганција и неодговорен однос на кој било локален функционер, а со тоа и на директорот на единственото јавно претпријатие во општината, изјави Гоцевски.

Реклама

Тој посочи дека техничките служби во комуналното претпријатие работат со десеткуван состав, со недостиг на механизација, човечки ресурси и финансиски средства за гориво и одржување на транспортните средства.

Кампањата „Се бориме за почист дом – Делчево со нула толеранција за отпад“ ќе се реализира во две фази. Првата фаза, која ќе трае од 15 ноември до 15 декември 2025 година, ќе биде насочена кон чистење на сите диви депонии на територијата на Општина Делчево и подобрување на реализацијата на Оперативниот план на ЈКП „Брегалница“ за прибирање и одлагање на комунален, габаритен и инертен отпад.

Втората фаза, планирана за периодот од 2026 до 2029 година, има за цел воспоставување одржлив систем за управување со отпадот преку заедничка работа на локалните институции, приватниот сектор, месните заедници, граѓанските организации и поединци активисти кои се борат за здрава и чиста животна средина.

Градоначалникот Гоцевски најави и формирање на Кризен штаб кој ќе ја координира итната имплементација на Оперативниот план за чистење на Општината.

-Испраќам апел до сите вработени во локалните институции, до граѓанските организации, приватните компании и активистите да се вклучат во оваа акција. Делчево мора да покаже дека може да биде пример за чист и уреден град со нула толеранција кон отпадот, порача градоначалникот.

Со оваа кампања, Општина Делчево започнува нов циклус активности за подигање на јавната свест и создавање на почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.