Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Наградно прашање: Колку вработени во Mакедонија земаат просечна плата од 39 илјади денари?

Просечна плата  38 843 денари  ама кој ја зема ?  Властите изминативе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечна плата  38 843 денари  ама кој ја зема ?  Властите изминативе денови  не пропуштаат при  речиси секо јавен  настап да се пофалат дека просечната плата достигнала речиси 39 илјади, ама не кажуваат, дека во просекот, влегуваат сите плати, вклучително и нивните покачени. Колку од вкупно 692. 768  вработени во Македонија ја земаат просечната плата?   Алфа се обиде да добие конкретни бројки од управата за јавни приходи, но од таму засега не добивме информација , велат ја подготвувале документацијата., Во државниот завод за статистика пак ни кажаа дека немале таков податок .

Она што е загрижувачки е дека речиси 90 илјади вработени земаат минимална плата . Податоците кои ги добиле во Сојузот на синдикати на Македонија во март годинава покажуваат дека 88 илјади од вработените земаат минималец, или една третина живеат со околу 600 денари на ден .  Што значи ако овој вработен се грижи сам за своето семејство , според пресметките на синдикатот значи  му требаат уште две вакви плати . Потрошувачката кошничка во ноевмри изнесува над 50 илјади денари.

Од ССМ посочуваат дека  уште по алармантно е дека уште толку граѓани, околу 80-90 илјади земаат помеѓу минималец и просечна плата , односно помеѓу 20.175 и 38 843 денари , а има семејства кои живеат и со по 100 денари на ден. Истражувањата покажаа дека во  Македонија до крајот на оваа 2023-та година веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани“

Реклама

Според податоците од Државниот завод за статистика зголемувањето на просечната плата се должи на  зголемувањето на  исплатената нето-плата по вработен во   јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Највисоки плати, над просечната земаат во секторот  информации и комуникации.