Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Награди за најдобри женска и машка епизодна улога за Кочовска и Михајловски на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ – 2026 година. Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ, соопштија од националната установа.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од годинашната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ биле издвоени како особено впечатливи.

– Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ – се наведува во соопштението.

Реклама

Од МНТ истакнуваат дека особено значаен е и фактот што актерскиот тандем, Кочовска и Михајловски, заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги примил директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

– Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот, без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот, кој на сцената стои пред нас како огледало  – изјавил Кимовски, заблагодарувајќи се.