Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Наградени 12 вработени во градинките во Центар

На 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од градинките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од градинките во Општина Центар денеска им беа врачени награди за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски при доделувањето на наградите нагласи дека овие награди ќе бидат дополнителен поттик во нивната благородна мисија.

– Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога е исклучително одговорна, затоа што токму од вас започнува развојот на секое дете. Се надевам дека овие награди ќе бидат дополнителен поттик во вашата благородна мисија – порача Герасимовски на свечената приредба во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“.

Реклама

Тој истакна дека Општина Центар континуирано вложува во градинките и училиштата, проширување на капацитетите  и подобрување на условите.

– Ја изградивме најсовремената градинка во државата „Пролет“, а во нашата програма предвидена е изградба и на уште една нова градинка кај Клиничкиот центар – истакна Герасимовски.

Оваа година, Општина Центар ја зголемила вредноста на наградите за 30 проценти, од 30.000 на 45.000 денари, со цел, како што се посочува во соопштението, дополнително да ги мотивира и вреднува кадрите кои секојдневно вложуваат труд, грижа и посветеност во развојот и воспитувањето на децата.