Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Наградата „Ванѓа Чашуле“ за 2024 и 2025 доделена на Ненад Трповски

Наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“ за 2024 и 2025 година му е доделена на преведувачот Ненад Трповски за преводот од португалски на македонски јазик на делото „Книга“ од современиот португалски автор Жозе Луиш Пејшото, во издание на „Антолог“. Како што соопштуваат од издавачката куќа „Антолог“, одлуката едногласно ја донесе комисијата составена од академик Илија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“ за 2024 и 2025 година му е доделена на преведувачот Ненад Трповски за преводот од португалски на македонски јазик на делото „Книга“ од современиот португалски автор Жозе Луиш Пејшото, во издание на „Антолог“.

Како што соопштуваат од издавачката куќа „Антолог“, одлуката едногласно ја донесе комисијата составена од академик Илија Чашуле, Игор Поповски, Лилјана Митковска и Виолета Јагев, кои разгледувале преводи од шпански и португалски јазик објавени во 2024 и 2025 година од автори што досега не ја добиле оваа награда.

Како што се наведува, наградениот превод успешно ги пренесува јазичните и стилските специфики на оригиналното дело Livro, првпат објавено во Португалија во 2010 година, задржувајќи ги сложената наративна структура и богатството на авторовиот израз.

Реклама

– Со внимателно избрани реченични и лексички решенија, преводот овозможува делото да се чита како изворно напишано на македонски јазик, што претставува одлика на врвен книжевен превод – оценува комисијата.

Наградата „Ванѓа Чашуле“ се доделува третпат по нејзиното обновување во 2023 година на иницијатива на семејството по повод 40-годишнината од смртта на истакнатата преведувачка Ванѓа Чашуле, која се смета за една од пионерите на преводот од шпански и првата преведувачка од португалски на македонски јазик.