Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Над 30 домови поплавени во скопски Сарај, се прават првичните проценки за штетите

Втор ден се чисти водата од поплавените куќи во скопски Сарај. Триесетина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден се чисти водата од поплавените куќи во скопски Сарај. Триесетина домови ја поминаа ноќта под вода, а поплавите зафатија пет села. Општинска механизација, противпожарната и Водовод им помагаат на локалните жители да ги исчистат подрумите, приземјата и дворовите, а паралелно се чисти речното корито каде завршувал градежен шут од граѓани и фирми.

Оние кои беа поплавени ноќта ја поминале на повисокиот кат или кај роднини, а штети допрва ќе бројат. За среќа велат, само материјални.

Општински екипи веќе се на терен и прават проценки за штетите.Сите кои имаат уништени поседи и домови може да пријавуваат до 23 февруари. Инспекции постапуваат и за недозволеното депонирање отпад во речното корито, вели градоначалникот Елмази.

Реклама
  • За жал, од првичните информации, поради поплавите и икс фирми кои градежните отпадоци ги фрлале во речното корито. Комисијата за проценка е веќе на терен, ќе ги посетат сите домови и да направат проценка. И согласно процедурите ќе се достават до Владата“ рече Мухамет Елмази – Градоначалник на Општина Сарај.

Помош од Центарот за Управување со кризи поради поплавите побарале повеќе од 120 луѓе. Поплавени куќи има и во гостиварско, Врапчиште и Маврово и Ростуше, а во село Беловиште успешно биле извлечени заглавени луѓе.

  • Имавме критична состојба во Општина Гостивар, поточно во селото Форино каде беше излеана  реката Вардар, денеска и таму ситуацијата се подобрува и водата се повлекува. УХМР очекува врнежи повторно во западниот дел и таму сме во контакт со сите надлежни за да ја следиме ситуацијата,“ рече Мухамед Али – Директор на Центарот за управување со кризи.

Реката Слупчанка, кумановско Липково, се излеала на два места, но поплавено било само земјоделско земјиште. Во Кратово и Крива Паланка не се регистрирани поплави.

Во тетовскиот регион, интензивните врнежи предизвикаа зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Свлечишта го блокираа патниот правец Тетово – Џепчиште, кој е затворен за сообраќај, додека патот кон селото Једуарце е повторно прооден.

На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвива отежнато, а има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Таму засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.