Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма – Спортските игри за млади“

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава.

Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот.

Со тоа, како што нагласуваат организиторите, Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа.

Реклама

Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на прес-конференција нагласи дека приклучувањето на Македонија кон овие игри е резултат на подолг процес и јасна државна заложба. Посочи дека државата е подготвена за организацијата и дека инвестициите во спортот се суштински важни.

– Ние како домаќини сме целосно подготвени. Кога државата, во соработка со организацијата на игрите, има комплетна контрола врз ситуацијата, тогаш сме сведоци дека сè поминува во најдобар ред. Се залагаме за инвестирање во спортот, младите и инфраструктурата бидејќи сметаме дека тоа е единствениот правилен пат по кој треба да се оди – изјави Ристовски.

На отворањето на Спортските игри ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.

Свечениот почеток на „Плазма – Спортските игри за млади“ ќе биде симболично означен со палење на пламенот на плоштадот „Македонија“.