Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила

Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување возило, за што се казнети 920 возачи.

– По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, санкционирани се 70 возачи за возење под дејство на алкохол, 241 за возење без возачка дозвола, 33 поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик – стои во соопштението од МВР.

Реклама

Контролите опфатиле и други категории учесници во сообраќајот. Така, 1.281 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење заштитен шлем, 295 пешаци добиле казни за прекршоци, а 1.584 учесници во сообраќајот биле санкционирани за некористење сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 240 нерегистрирани возила, како и 83 возила поради техничка неисправност. Дополнително, казнети се 55 возачи за непочитување на пропишаните правила за затемнување на стаклата на возилата.

Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.