Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Националните телевизии бараат усвојување на измените на Законот за медиумски услуги

Македонската Медиумска Асоцијација; во која членуваат националните телевизии Алфа, Телма, Канал 5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Медиумска Асоцијација; во која членуваат националните телевизии Алфа, Телма, Канал 5 и Алсат; со отворено писмо бара усвојување на предлог – измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со нив, според Асоцијацијата, ќе биде регулиран медиумскиот пазар со соодветни законски решенија кои ќе овозможат спречување на ширењето на пиратеријата, нејзино соодветно казнување, регулирање на емитувањето на националните телевизии од страна на кабелските оператори, но и транспарентност на трошењето на буџетски пари во јавните кампањи низ соодветна законска процедура преку Собранието како контролен механизам.

„Асоцијацијата успеа во согласност со неколку европски закони од оваа сфера (пред се Хрватскиот) во согласност со сите повикани страни, Владата, Ресорното Министерство за информатика и администрација како и огромен број на медиуми од национално, регионално и локално ниво, преку јавна дебата со учество на експерти од невладиниот сектор и преставници од Европката Комисија да ги направи овие измени кои се преточени во три членови од Законот“ се наведува во писмото.

Реклама

И покрај поддршката од сите релевантни фактори, и покрај тоа што овие измени на Законот имаат европско знаменце  и најважно покрај изгласувањето на потреба да се донесат измените на овој Закон од страна на пратениците на почетокот на месец Ноември 2023 година,  истите се заглавени во Парламентот пред Комисијата за европски прашања раководена од пратеникот на ДУИ и координатор на пратеничката група Арбер  Адеми , кој од јавно необјаснети причини не ги става овие измени на дневен ред на Комисијата.

„Не сакаме да веруваме дека преставникот на ДУИ Арбер Адеми поради причини познати само на неговата партија не сака да стави на дневен ред на гласање Закон кој регулира пиратерија , медиумски пазар, и можност за транспарентнa контрола на трошење на буџетски средства“ пишува во писмото во кое се додава и дека неставањето на овој Закон пред комисијата, националните телевизии, членки на Македонската Медиумска Асоцијација, го сфаќаат како уцена пред престојните избори а со тоа индиректно мешање во нашата уредувачка политика.