Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Нацева: Гласот за број 9 е глас за капитални проекти во повеќе области, за подобра иднина на граѓаните во Неготино

Гласот за број 9 е глас за капитални проекти во повеќе области,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласот за број 9 е глас за капитални проекти во повеќе области, за подобра иднина на граѓаните во Неготино. Ова го истакна кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева, на денешниот настан одржан во општина Неготино, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. 

Таа истакна дека гласот за неа е глас за подобра иднина, за проекти кои ќе се реализираат со програма и стратегија, како во делот на патната и комуналната инфраструктура така и во многу други области од големо значење за граѓаните на општина Неготино.

-Во делот на програмата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја нуди има голем број на капитални проекти, каде што ние даваме акцент на развој на патната и на комуналната инфраструктура, едни од поголемите проекти кои се од огромно значење се реконструкција на градски плоштад, изградба на концертна сала, реконструкција на кружен тек на влезот во Неготино и изградба на кружен тек од излезот на Неготино спрема Кавадарци. Останати проекти на кои сакам на кратко да дадам акцент е реконструкција на старата социјална зграда, реконструкција на спортскиот комплекс околу спортската сала Младост, нагласи Нацева.

Реклама

Таа посочи дека ќе се инвестира во делот на образованието, со реконструкција на училишта, со доделување на стипендии и финансиска поддршка за првачињата, притоа наведе дека ќе се овозможи и бесплатно патување за пензионерите и ќе се промовира локалниот туризам.

-Не застануваме само на патната инфраструктура, максимално ќе ја искористиме извонредната местоположба која ја имаме. Имаме места кои е предвидено да се урбанизираат, односно да донесеме комунална инфраструктура кадешто тие развојни зони во иднина ќе бидат привлечни места за продажба на инвеститори, а со самото тоа дополнително буџетот ќе има придобивки, ќе се отвараат инвестиции со што ќе ги задржиме младите и ќе имаме голем број на вработувања. Во делот на образованието продолжуваме со мерки кои ги отпочнавме, финансиска поддршка за секое прваче, финансиска поддршка за секое новороденче, продолжуваме со стипендии на најдобрите студенти, продолжуваме со реконструкција на училишта во подрачните одделенија каде има дотраени кровови и поставување на фотоволтаици. Предвидуваме бесплатно патување за сите пензионери, но ќе се залагаме и за зелена и енергетски ефикасна општина и за промоција на локалниот туризам, подвлече  Нацева.