Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре и задутре ќе учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.

Како што се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата, на состанокот, со кој ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе учествуваат началниците на генералштабовите на 32-те земји членки на НАТО, командантот на Врховната сојузничка команда за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, и командантот на Врховната сојузничката команда за трансформација (SACT), адмирал Пјер Вандие (Pierre Vandier). Началниците на генералштабовите на сојузничките земји ќе се сретнат и со претставници од индо-пацифичките партнери на НАТО, Грузија и Украина.

Во рамките на првата сесија, се додава во соопштението, генералот Гринкевич ќе ги информира началниците на генералштабовите за подготвеноста на НАТО во зајакнувањето на колективното одвраќање и одбраната на алијансата во услови на заеднички безбедносни предизвици.

Реклама

Во втората сесија командантот на Врховната сојузничката команда за трансформација ќе даде акцент на можноста како НАТО да го забрза процесот на испорака на соодветни капацитети преку поддршка на земјите членки во усвојувањето и имплементацијата на иновации во соодветен обем и со соодветна динамика.

Во формат на советот НАТО – Украина началниците на генералштабовите ќе дискутираат за безбедносната состојба во Украина и за континуираната поддршка на НАТО кон оваа земја, вклучително и за НАТО-безбедносната помош и обука за Украина (NATO Security Assistance and Training for Ukraine – NSATU) и заедничкиот Центар за анализа, обука и едукација (Joint Analysis, Training and Education Centre). На оваа сесија е поканет да учествува и претседателот на Воениот комитет на Европската Унија.

Во продолжение на состанокот, се вели во соопштението, на Воениот комитет на НАТО, ќе се нагласи стратешката улога на партнерствата во справувањето со меѓусебно поврзаните и растечки глобални безбедносни предизвици преку средби со претставници на индо-пацифичките партнери на НАТО и Грузија.

Генералот Лафчиски, како што посочуваат од Генералштабот, во оваа пригода ќе реализира и билатерална средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал Габор Беренди, а ќе оствари и средба со припадниците на Армијата распоредени во Националното воено претставништво на Република Северна Македонија во НАТО-штабот во Брисел, Кралството Белгија.