Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

На Комисијата за одбрана и безбедност измените и дополнувањата на Законот за внатрешните работи и на Законот за полицијата

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за одбрана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете комисии се предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

Со измените и дополнувањата се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје. 

Реклама

Измените и дополнувањата на Законот за полицијата, по скратена постапка, како што се појаснува, се за унапредување на организациската структура на полициските единици, со посебен акцент на територијата на градот Скопје, каде што се потребни поголема ефикасност, подобра координација и оптимално искористување на човечките и материјалните ресурси во Министерството за внатрешни работи поради што со законот се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје.  

– Оваа организациска единица со предложените законски измени и дополнувања добива повисок организациски статус во рамките на полициската структура. Дополнително, со предлог-законот се извршува и терминолошка корекција во однос на криминалистичко-техничките работи – се наведува во образложението на предлог-законот, предложен од група пратеници. 

Поради потребата од појасно разграничување на организациските единици за внатрешни работи, како и прецизирање на начинот на утврдување на секторите за внатрешни работи и Одделот за внатрешни работи – Скопје, со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи, по скратена постапка, се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје.

Предложеното уредување на оваа област произлегува од воспоставениот модел во минатото, со кој во Министерството за внатрешни работи раководителот на Секторот за внатрешни работи имал повисока позиција во однос на раководителите на другите сектори. Истовремено, решението ја следи и територијалната поставеност во државата, при што градот Скопје е издвоен како посебна територијална организација во однос на другите единици на локалната самоуправа, се наведува во предлог-текстот.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска ќе оствари средба со работната група за следење на спроведувањето на акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието..