Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

На иницијатива на претседателката Сиљановска-Давкова настан „Климатски промени – ризици и предизвици“

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот ќе се одржи настан со наслов „Климатски промени – ризици и предизвици“.

На настанот ќе учествуваат универзитетски професори, експерти, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор. Дискусиите ќе бидат фокусирани на институционална рамка и законска регулатива за климатските промени, квалитет на воздухот и здравствените последици, климатските ризици, отпорност и иновативни мерки за адаптација и интегрирано управување со водите, квалитет на водите, георизици и адаптација на земјоделството.

Како што најавуваат од Кабинетот на претседателката, воведни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, националната координаторка за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, и Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки и член на Советот за безбедност. 

Реклама

Целта на стручната дискусија е да произлезат заклучоци, препораки и предлог-мерки за превентивно дејствување и иновативни решенија за адаптација на климатските промени.