Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

На Инфективна со ограничен број на скафандери, Филипче демантира

Без скафандери само со мантили, ракавици, маски и капи со оваа униформа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без скафандери само со мантили, ракавици, маски и капи со оваа униформа работи дел од медицинскиот персонал во Инфективната клиника во Скопје кој секојдевно се во контакт со заразените од коронавирус тврдат извори за Алфа во клиниката. Велат дека, скафандерите биле наменски – односно ги користеле само при интубација – кога пациентите ги ставале на респиратори. Оваа информација министерот за здравство ја демантираше – тврди дека медицинарите имале доволно заштитна опрема.

“Знам јас лично но и сите инволвирани, дека заштитна опрема има и дека тие луѓе што се таму имаат искуство,не им е прв пат да работат со вакви заразни болести. Има соодветна едукација и искуство во користењето на таа опрема. Дел од резервите вкупни на министерството за здравство физички стојат на Клиниката за инфективни болести ” – вели Венко Филипче, министер за здравство.

За недостатокот на заштитна опрема не се жалат само медицинските лица од Инфективната клиника, за истата судбина јавно проговорија и останатите медицински работници како и матичните доктори. Целиот овој период очајно молат за маски, визири, капи, каљачи, ракавици- насекаде, по медиумите и социјалните мрежи, а сериозна бројка од нив веќе се заболени.

Реклама

„Јас сметам дека нема воопшто заштите, а не делумна заштита. Од Министерство за здравство сме добиле само поддршка и ништо друго. Ние сме ставени во позиција како Невладина организација на млади лекари и специјализанти да спасуваме све живот и диво. Срамота е да се дозволи нас да не бараат за заштитна опрема јавни здравствени установи. Ова на терен моментално што се случува особено со матичните лекари е скандалозно“, вели доктор Ненад Лазаров.

Доказ дека не се доволно заштитени здравствените работници кои се во прва борбена линија против невидливиот непријател, е денешната бројка новозаразени во кумановската болница, 6 лица. Во меѓувреме, тестирани се 71 здравствен работник во оваа болница, за кои од нив најверојатно се уште се чекаат резултатите.Инаку, бројот на заразени медицински лица од коронавирус досега е околу 80.

 

Ања Василева