Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

На ГП Богородица откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на скопското ЈП „Паркови и зеленило“

Вкупно девет службени пиштоли, украдени на 5 јануари од просториите на ЈП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно девет службени пиштоли, украдени на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје, беа пронајдени во автомобил „шкода октавија“, сопственост на правно лице од Прилеп, при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.

– Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп, кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот – се наведува во соопштението од Обвинителството.

Од сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето што претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.

Реклама

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело еовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.