Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Прилози

На Факултетот за земјоделски науки и храна одбележан Св. Трифун со традиционално закројување на лозјата

Со традиционален обред на симболично кроење на лозјата, на Факултет за земјоделски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционален обред на симболично кроење на лозјата, на Факултет за земјоделски науки и храна на Опитното поле во Долно Лисиче, беше одбележан големиот празник Св. Трифун. Министерката за образование Јаневска, ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Анѓелова и деканот на земјоделскиот факултет Марковски, го означија почетокот на новата лозарска сезона, по што следуваше презентација на современата опрема, меѓу која и дрон за наводнување на лозјето.

„Ја користам приликата на сите граѓани, особено земјоделци, лозари и овоштари, да им го честитам овој значаен празник и да им посакам богат род, убави плодови“,  изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Јаневска посочи дека Владата и во иднина ќе продолжи и во иднина да поддржува вакви слични проекти и да го зголемува буџетот во иновации, наука и образование. 

Реклама

„Цениме дека немаме веќе време за просечни и потпросечни резултати. Вложуваме во образованието со зголемување на буџетот од година на година и за разлика од 2022 година, на пример, кога буџетот бил 2,9 милијарди, оваа година стигнавме до над седум милијарди денари. Во науката, минатата година вложивме 380 милиони, па потоа 680 милиони, годинава над 700 милиони, со што ја покажуваме интенцијата да го подобруваме општиот квалитет, како на образованието, така и на науката“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

За деканот Миле Марковски 21 век е време на сериозни предизвици, од демографските промени до климатски турбуленции што директно го погодуваат аграрот. Според него, се понагласена е потребата од поефикасно управување со ресурсите, модернизација и дигитална трансформација. Тој им посака бериќетна година на земјоделците и ја нагласи улогата на земјоделскиот факултет како мост меѓу традицијата и иновациите.

„Ова е опитно поле каде што на нашиот факултет се применуваат практичните работи по предметите кои се слушаат на нашиот факултет“, изјави Деканот на факултетот за земјоделски науки и храна, Миле марковски.

Анѓелова истакна дека со новата студиска програма за дигитално земјоделство, со подобрување на инфраструктурата и соработка со институции, компании и земјоделци, факултетот ги поставил темелите за првиот ИНО АГРИ ХАБ во земјата, центар за развој и примена на нови технологии.

„Факултетот за земјоделски науки е лидер во образованието, науката и иновациите во делот на аграрниот сектор. Факултетот е место каде студентите ги стекнуваат своите академски знаења, размислуваат иновативно и визионерски“, изјави Ректорката на УКИМ, Биљана Анѓелова.

Амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, се осврна на долгогодишната соработка и инвестициите во земјава, со акцент на поддршката за дигитализацијата во земјоделството.

„Словенија е веќе 16 години присутна во вашата земја. Инвестиравме 57 милиони евра во различни проекти и области – инфраструктура, образование и наука. Мило ми е што имаме проект насочен во земјоделието“, изјави амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер.

На настанот беше претставена современа дигитална опрема, систем за автоматско наводнување што покрива повеќе зони, најсовремен дрон, агрометеоролошки станици со сензори, како и уреди за следење на состојбата на растенијата. Целта на овој настан беше студентите и земјоделците практично да се запознаат со новите технологии и нивната примена на терен.