Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

На 3 јуни ќе се гласа во Собрание за изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка

Собранието на Македонија на 3 јуни ќе расправа и гласа за предлогот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на Македонија на 3 јуни ќе расправа и гласа за предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер на Народната банка. Од кабинетот на претседателката информираа дека при изборот се водела од критериуми како стручност, компетентност, интегритет и дигнитет. Според нив, одлуката не била лесна, имајќи го предвид високиот квалитет на сите кандидати. Во конкуренција беше и досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, чиј мандат истече денеска, како и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски.

Предлогот на Сиљановска Давкова вчера официјално пристигна во Собранието, а со неговото отворање во архивата утрово, започна и формалната процедура за избор на гувернер.

Трајко Славески е професор на Економскиот факултет при УКИМ. Во периодот од 1999 до 2000 година тој беше министер за развој. Од ноември 2000 до септември 2002 година ја вршел функцијата советник на министерот за финансии и национален координатор за подготовка на „Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“. Во мај 2005 година бил избран за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а од април 2005 до август 2006 година бил член на Советот на Град Скопје. Во август 2006 година стана министер за финансии, а на функцијата остана до јули
2009 година. Во моментов е на функцијата претседател на Советот на Град Скопје

Реклама

За неговиот избор ќе бидат потребни најмалку 61 пратенички глас.