Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка – 39 литри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка – 39 литри на квадратен метар и Виница – 26 литри на квадратен метар, а најмалку во Лазарополе – 4 и Маврови Анови – 1 литар на квадратен метар. 

Утрово најстудено е на Попова Шапка, каде што се измерени -3 Целзиусови степени, а најтопло во Гевгелија со измерени 8 Целзиусови степени.

Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 31 сантиметар и во Маврови Анови 2 сантиметра.

Реклама

Денеска, ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.