Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен

– Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.

Реклама

Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.