Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Најниска температура изутринава е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири степени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најниска температура изутринава е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири степени, а највисока во Гевгелија, 17 степени.

Како што информира УХМР изутринава во Mаврови Анови и Лазарополе се измерени четири степени, на Попова Шапка пет,  во Берово шест,  во Охрид и Крива Паланка седум, во Битола, Kрушево и Претор осум, во Тетово девет, во Прилеп, Демир Капија и Виница десет, во Скопје-Петровец и Штип 11, во Струмица 12, во Велес, Куманово и Кавадарци 13, во Скопје-Зајчев Рид 16 и во Гевгелија 17.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди наместа со слаб локален дожд. Попладне во југоисточните делови ќе биде нестабилно со услови за појава на ретки грмежи и пороен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 30 степени.

Реклама

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 26 степени.