Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија.

Како што информира УХМР изутринава на Попова Шапка се измерени седум степени, во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 10, Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Берово 12, Тетово и Прилеп 14, Скопје-Петровец, Куманово, Штип и Виница 15, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица 16, Велес 17 и во Гевгелија 18 степени.

Количината на врнежи изминатите 24 часа до 08:00 часот во (l/m2) изнесува четири Попова Шапка, два Скопје-Петровец и Маврови Анови, еден Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Битола, Кавадарци, Крушево и Тополчани.

Реклама

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.