Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и директорот на Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, денеска остварија средба со одгледувачите на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во Липково, Кумановско.

Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, на состанокот, како што се наведува во соопштението од МЗШВ, е нагласено дека е неопходно одгледувачите строго да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки донесени од Агенцијата. Движењето на животните треба да се врши исклучиво со издаден ветеринарно-здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво.

Доколку сточарите забележат симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, тие треба веднаш да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Реклама

– Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од три километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувачниците во кои е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста – информираат од Министерството.

Дополнително, на средбата е истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко, кои биле подложни на пастеризација, не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувачниците кон кланичните капацитети не е забрането, а во сила остануваат рестрикциите за движење животни и за работа на добиточните пазари.

Од МЗШВ посочуваат дека во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен, се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.