Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

МЗШВ: Со шест тимови ќе се посетат 120 населени места и ќе се собираат идеи од земјоделците

Секој петок земјоделците ќе можат да разговараат со тимови од Владата кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој петок земјоделците ќе можат да разговараат со тимови од Владата кои ќе ги соберат нивните мислења за развој на земјоделството. 120 населени места ќе бидат посетени од шест тимови во речиси сите општини каде што е застапено земјоделското производство. Ова е дел од кампањата на Владата „гласот што го слушаме, македонското е најдобро“.

Воедно, во следниот период, министерството најави дека два големи тима ќе посетат повеќе од 30 општини, кои се носители на земјоделеството во Македонија.

Министерот за Земјоделие Цветан Трипуновски ја најави кампањата, која за прв пат ќе биде спроведена со голем број тимови кои ќе бидат предводени од највисоките структури во министерството, институциите под закрила на министерството, а еден од тимовите ќе го предводи и тој.

Реклама

На овие средби ќе се разговара за реалните рпедизвици со кои се соочуваат македонските земјоделци. Ќе се слушнат нивните предлози и идеи, но ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство, производството и се што е изработени во изминатите две години мандат на Владата, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.

Во кампањата ќе бидат вклучлени и подрачните единици на министерството, а целта е да им се покаже на земјоделците дека им се вреднува трудот. На овој начин, земјоделството, оваа Влада го става на пиедестал, како основна гранка која треба да го храни македонскиот народ, беше истакнато од страна министерот Трипуновски.

Претходно, министерството за земјоделие најави и дека ќе се вовоеде, нов праведен систем на субвенционирање на земјоделците, односно субвенција ќе добијаат само вистинските земјоделци, кои ќе мора да докажат дека производите ги продаваат. Мора да го зголемат производството, но и да вложат во квалитет.

Од министерството, претходно најавија дека тие ќе се вклучат и во посилна кампања за купување на домашни земјоделски производи, со која македонските граѓани директно ќе купуваат свежи производи од домашнтие земјоделци. Но, ќе се поттикне и развојот на конзервната иднустрија. Македонија мора своите производи да ги пакува и препродава и како траен производ, а не само сезонски на пазарите.