Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

МЗ: Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани

Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте.

Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, информира МЗ.

Реклама

Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост.