Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство.  Двајцата пациенти се во стабилна состојба.  -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. 

Двајцата пациенти се во стабилна состојба. 

-Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот – се наведува во соопштението на Министерството за здравство. 

Реклама

Оттаму упатуваат благодарност до семејството на починатиот кое во најтешките мигови одлучило да подари живот на други.

Од Министерството за здравство информираат дека донирани се и коскени ткива, како што потенцираат, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот.

-Министерството за здравство изразува најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот – истакна во пишана изјава Азир Алиу, министер за здравство.

Проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, исто така изразува огромна почит до семејството на починатиот донор, кое, истакнува таа, со оваа храбра одлука одлучило да го промени крајот на нечија приказна.

 -Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници – вели проф. д-р Кузмановска.