Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

МВР: Тринаесет возачи лишени од слобода, седуммина возеле без возачка дозвола

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 13 возачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 13 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од приведените, седуммина управувале возило без возачка дозвола, при што еден од нив бил малолетник. Кај едно лице било утврдено дека возело и без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Во текот на контролите, пет лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа во која се здобил со тешки телесни повреди.

Реклама

Воедно, на граничниот премин Табановце бил приведен странски државјанин, откако системот „Безбеден град“ евидентирал дека возел со 164 километри на час на место каде што ограничувањето е 80 километри на час.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.