Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МВР: Шест лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени седум настани

Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници во текот на последното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници во текот на последното деноноќие примиле седум пријави за семејно насилство, при што лишиле од слобода шест лица.

Во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Б. Ѓ. (41) од Скопје, поради тоа што на завчера во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н. Д. (45) од Скопје, поради тоа што вчера во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Реклама

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 04:10 часот го лишиле од слобода Н. К. (40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О. К. (37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н. К. пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. и се обидела со остар предмет да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Куманово вчера во 16:00 часот, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријавила дека 13-годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера го лишиле од слобода С. С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С. С. и Ќ. Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска полициски службеници го лишиле од слобода Д. С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија денеска во 01:15 часот лишиле од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека вчера околу 22:00 часот во семејниот сом физички ја нападнал неговата 26 -годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.