Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

МВР на терен до 7 јуни: Под лупа сите возила на две тркала

Пребрзо возење на едно тркало и без кацига, пресекување на правец, прекшување на сообраќајните правила – полицијата во акција против лудото возење на моторџиите и возачите на тротинети. По сите македонски улици до 7 јуни ќе има засилени контроли за непочитувањето на прописите од возилата на две тркала. Нема да бидат поштедени возачите на мопеди, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пребрзо возење на едно тркало и без кацига, пресекување на правец, прекшување на сообраќајните правила – полицијата во акција против лудото возење на моторџиите и возачите на тротинети. По сите македонски улици до 7 јуни ќе има засилени контроли за непочитувањето на прописите од возилата на две тркала.

Нема да бидат поштедени возачите на мопеди, мотоцикли и е-тротинети кои немаат возачка, не да носат соодветна опрема или пак имаат техничка неисправност.

Граѓаните сметаат дека не само автомобилите, туку и моторите и тротинетите треба да добиваат ригорозни казни за да ги почитуваат сообраќајните правила.

Реклама

Од МВР апелираат возачите да бидат внимателни, а акцијата пред се има цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

„Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава“, соопшти МВР порачувајќи сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат парвилата поради сопствената и безбедноста на сите други учесници.

МВР учествува во оваа акција на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции заедно со уште 34 европски земји.

Ана Минин