Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека еден возач во Охрид управувал возило со активна забрана и под дејство на алкохол – посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.